6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНаградата ‘Стојан Христов’ за книгата „Ода за Орфеј“

Наградата ‘Стојан Христов’ за книгата „Ода за Орфеј“

oda-za-orfej

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија наградата„“Стојан Христов“ ја додели за книгата „Ода за Орфеј“ од Снежана Алексиќ Станојловиќ, писателка која живее и работи во Нови Сад, Србија.

Издавач на книгата е Книгоиздателството „Феникс“ од Скопје, а наградата се доделува за најдобра книга од иселеник кој пишува на македонски јазик.

Поетската книга „Ода за Орфеј“ е двојазично издание, на македонски и српски јазик, и во неа се содржани песни за татковината, љубовта, животот, спомените и носталгијата.
Наградата беше врачена во рамките на манифестацијата “Струшки вечери на поезијата“ во Струга.

Авторката Снежана Алексиќ Станојловиќ е родена во Скопје, каде го поминува детството и го завршува основното, средното и високото образование.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП