2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропски гигант им нуди на Хрватите нов бизнис

Европски гигант им нуди на Хрватите нов бизнис

besana 333

Италијанската групација „Besana“, понудила соработка на Хрватска во областа на производство и сушење на лешници.

Проектот подразбира воспоставување производство на лешници во соработка со домашни соработници на површина од приближно 500 хектари со користење на најсовремена технологија и знаења.

„Besana“ со својот потенцијал на соработниците во Хрватска ќе им понуди садници со сертифициран квалитет и гарантиран квалитетен матетијал, долгогодишни договори за откуп (до десет години) на целиот род на лешникот по пазарни цени, како и стручна подршка и пренос на знаењето во текот на целата соработка.

На подрачјето на Хрватска, „Besana“ планира да организира и неколку центри за откуп и сушење на лешници, а на предавањето на соработниците ќе им се објаснат и можностите кои ги нудат ЕУ фондовите за таквите типови на влог.

Како што е наведено на веб страната на Економската комора на Хрватска, групацијата „Besana“ е еден од најголемите европски преработувачи на јаткасти плодови и сушено овошје, со годишен приход поголем од 170 милиони евра.

Низ различни облици на соработка „Besana“ координира и надгледува производство кај повеќе од 2000 одгледувачи, при што годишно се преработуваат повеќе од 24.000 тони сировина, пренесува порталот „Seebiz“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП