9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД потфрли во речиси сите полиња

САД потфрли во речиси сите полиња

америка-сад-сад

Растот на преработувачката активност во САД забави во месец август како резултат на забавувањето на растот на новите нарачки, производството и вработувањата.

Индексот за управување со набавката во преработувачкиот сектор се намали минатиот месец на 51,1 од 52,7 поени во јули и тоа е најниското ниво од почетокот на годината, наведува Институтот за управување со набавката, а пренесува агенцијата Франс прес.

Индексот и понатака е во позитивна територија, бидејќи е над границата од 50 поени која го одделува растот од падот на секторските активности.

Во август е забележан и пад на извозните нарачки и цени, а имајќи го во превид забавувањето на економијата на Кина и другите пазари во развој, компаниите изразија загриженост во поглед на извозот и покрај тоа што цените на клучните сировини кои се користат во преработувачкиот сектор и понатака се во пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП