18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршна конференција на Мрежата за поддршка на млади претприемачи - YES Network

Завршна конференција на Мрежата за поддршка на млади претприемачи – YES Network

ѕесѕес

Во среда и четврток во зградата на Скопски саем (Конгресен центар), ќе се одржи завршната конференција на проектот Мрежа за поддршка на млади претприемачи (YES Network), со наслов „Најдобри пракси и вмрежување“, проект финансиран од Европската унија.

Настанот ќе го отвори раководителот на сектор во Делегацијата на Европската унија во Скопје, Јаромир Левичек, а свои обраќања ќе имаат претставници на локалната самоуправа и на Агенцијата за млади и спорт. На настанот ќе присуствуваат претставници на владините институции, единиците на локалната самоуправа, граѓанските организации, академскиот и бизнис сектор во државата, млади претприемачи и млади луѓе.

Говорниците и учесниците во рамки на конференцијата ќе ги дискутираат тековните активни мерки за поддршка на младинското претприемништво, насоките и плановите на националната стратегија за млади со посебен акцент на мерките за вработување и самовработување на млади, а ќе се потенцира и соработката меѓу локалните власти и граѓанскиот сектор во истите области.

Ќе бидат, исто така, презентирани и резултатите од проектот Мрежа за поддршка на млади претприемачи и важноста на мрежата од аспект на споделување и промовирање добри пракси имплементирани од граѓанските организации и соработка со владините институции за поддршка на младинско претприемништво.

Мрежа за поддршка на млади претприемачи е проект финансиран од Европската унија, а проектот го имплементира Фондација за претприемачки сервис за млади, како координатор, Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, Здружение на работодавачи Скопје и Алијанса на млади претприемачи од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП