18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата над 53 долари, кочница Кина

Нафтата над 53 долари, кочница Кина

nafta3020

Растот на цената на нафтата на светските берзи поради намалената проценка на производството во САД, денеска го сопреа новите загрижувачки податоци од Кина.

На лондонската берза со барелот се тргува по 53,10 долари, откако во вчерашното електронско тргување заврши во плус осум отсто. На американската берза со барелот денеска се тргува по 48,45 долари, откако вчера тргувањето го заврши во плус од 8,8 отсто.

Вчерашниот скок на цената на нафтата го поттикнаа ревидираните податоци на американската влада, кои покажа дека во првата половина од годината во САД се произведувало помалку нафта од претходно прогнозираното. Производството во април достигна кулминација од 9,6 милиони барели дневно за да во мај и јуни го намали производството за по над 300 илјади барели дневно.

И покрај тоа, глобалниот пазар и натаму е заситен, а и новите податоци од Кина потврдија дека забавуваат економските активности во втората по големина светска економија. Официјалниот индекс на менаџерите за набавка (PMI) во август падна на 49,7 поени, сигнализирајќи пад на активностите. Во јули активностите стагнирале на 50,0 поени.

Овие податоци ја притиснаа цената на нафтата по големите скокови во претходните три дена во кои нивото беше подигнато за дури 27 отсто, што е најголем тродневен раст од 1990 година.

„Загриженоста за растот поврзана за Кина и очекувањата за зголемено иранско производство во 2016 година привремено ги спуштија цените на нафтата на пониско ниво од очекуваното“, констатираа во белешката аналитичарите на Merrill Lynch.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП