13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Светскиот економски раст ќе биде послаб од очекуваното

Лагард: Светскиот економски раст ќе биде послаб од очекуваното

lagardllllll

Светски економски раст ќе биде веројатно послаб од очекуваното, предупреди во вторникот лидерката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), наведувајќи го како причина бавното закрепнување на развиените економии и зголемено забавување во економиите во развој.

„Вкупно гледано, очекуваме дека економскиот раст ќе остане умерен и веројатно ќе биде послаб од што предвидувавме во јули“, рече Кристин Лагард во говорот при посетата на Индонезија.

ММФ во јули прогнозираше дека светската економија оваа година ќе порасне за 3,3 отсто и со тоа незначително ќе забави во однос на 2014 година кога е зголемена за 3,4 отсто.

Претседателката на ММФ ги предупреди економиите во развој, како Индонезија, добро да внимаваат за да можат на време да забележат евентуални сигнали на прелевање на влијанието на послабиот кинески раст и заострените услови на финансирање на глобално ниво, како и изгледите за кревање на клучните каматни стапки во САД.

Кинескиот економски раст забавува, но не е остро и не е неочекувано, во рамки на прилагодувањето на новиот економски модел“, констатира Лагард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП