17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоглед кон иднината: Електричен купе-кабриолет на Peugeot (фото+видео)

Поглед кон иднината: Електричен купе-кабриолет на Peugeot (фото+видео)

fractal

На прашањето што ќе добиете кога ќе поврзете футуристички дизајн, современа технологија, електричен погон и возило со покрив на расклопување, одговорот на францускиот производител е концептот „Fractal“, кој ќе има премиера на саемот за автомобили во Франкфурт.

Долг е само 3,81 m и широк 1,77 m, „Peugeot Fractal“ покрај малите димензии има маса која не надминува 1.000 kg, што е добар резултат за еден електричен автомобил, ако се знае дека овој вид на возила имаат тешки погонски батерии.

fractal1

Тоа е постигнато благодарејќи на полесната конструкција и елементи кои се изработени на „3D“ печатач.

Концептот е поставен на 19 инчни тркала кои се сместени во речиси самите агли на возилото.

fractal2

На тој начин автомобилот, иако со мали димензии (што го прави погоден за возење во градските подрачја), има комфорна кабина во која можат да се сместат 4 возрасни лица.

„Peugeot“ вгради и прилагодлив систем за воздушна суспензија благодарејќи на кој растојанието од коловозот може да варира меѓу 7 и 11 cm.

fractal3

За погон се задолжени два електромотори од по 102 ks (75 kW), кои се наоѓаат на предната и задната осовина, па моќта се пренесува на сите 4 тркала.

Моторите се поврзани со батерии со капацитет од 30 kWh, а како што тврди производителот, тоа е доволно за автономија до 450 km.

fractal4

„Fractal“ од место до „стотка“ забрзува за респектабилни 6,8 секунди.

Футуристичкиот дизајн на екстериерот се пренесува и на внатрешноста на автомобилот.

fractal5

„Peugeot“ вели дека преку 80% од eлементите во кабината се изработени на „3D“ принтер. Ентериерот е инаку дизајниран по примерот на „i-Cockpit“ од концептот „SR1“ од 2010-та.

Изгледот и формата на командната табла се прилагодени на возачот, што допринесе и за „head-up“ дисплеј.

fractal6

На долниот дел на конзолата се наоѓа 7,7 инчен „AMOLED-touchscreen“ мултимедијален систем кој е поврзан со моќен 9.1.2 аудио систем.

„Peugeot“ особено внимание посвети на современата технологија, па така до системите и функциите на возилото може да се пристапи со „smartwatch“ уред.

Иако станува збор на концептен автомобил, француската компанија не ја отфрла можноста во иднина да стартува со развој на електрични возила со сличен дизајн и карактеристики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП