ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Хрватска најниска за шест години

Стапката на невработеност во Хрватска најниска за шест години

zagreb2

Во Хрваска во јули имало 1,36 милиони вработени, што е за 8,864 лица, или 0,7 проценти повеќе отколку во јуни и тоа е петти месец во низа вработеноста да порасне, покажува најновиот извешај на Државниот завод за статистика на Хрватска.

Истовремено, според податоците на Хрватскиот завод за вработување, на крајот на јули бројот на невработени изнесувал 257,994 што е за 2,079 лица или 0,8 проценти помалку отколку на крајот на јуни.

Притоа стапката на невработеност паднала од 16,1 на 15,9 проценти, што е нејзино најниско ниво за речиси шест години.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП