26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна новата учебна 2015-та година

Започна новата учебна 2015-та година

сколо

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и претседателката на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, во вторникот го посетија СУГС „Панче Арсовски“, на првиот училиштен ден од учебната 2014/2015 година.

Трајановски и Мишева, ги посетија учениците запишани во прва година во ова училишта и им пожелија добредојде во училиштето, успех во совладувањето на наставните содржини и многу убави спомени од средношколските клупи.

„Денеска почнува новата учебна година, а на учениците запишани во прва година им пожелувам што полесно да се вклопат во новата средина и да постигнуваат успех во учењето. Годинава во прва година во средните училишта на Град Скопје се запишани 5.768 ученици, а конкретно во СУГС„Панче Арсовски“ 121 ученик. Како и во изминатите години Градот Скопје во текот на овој летен распуст ги обнови и реконструира објектите на девет средни училишта што се во негова надлежност. „Панче Арсовски“ доби нова фасада, а беше реконструиран и оштетениот покрив, а во другите училишта се заменуваа прозорците и вратите; се обновија подовите во училниците и во фискултурните сали, се реконструираа санитарните јазли, како и дворните површини. Градот Скопје за реализација на овој проект од буџетот издвои околу 31,3 милиони денари“, истакна скопскиот градоначалник Трајановски.

Според него, градежните зафати за реконструкција на објектите и на спортските сали на средните училишта на Град Скопје придонесуваат за исполнување на стандардите за енергетска ефикасност и значително ги подобруваат функционалноста и изгледот на училишните објекти.

Во текот на изминатите години, односно од 2009-та година до 2015-та година, Градот Скопје за реконструкција и санација на средните училишта од буџетот има издвоено над 220 милиони денари, со што се придонесе значително да се подобрат условите за работа и на учениците и на наставниот кадар.

Според директорката на СУГС „Панче Арсовски“, Даниела Јовчевска училиштето годинава ги пречекува учениците со нова фасада и во многу посолидни услови за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП