2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Германија најниска од обединувањето

Невработеноста во Германија најниска од обединувањето

nevrabotenosta5555

Невработеноста во Германија остана на историски низок процент во август, а закрепнивањето на најголемата европска економија и натаму продолжува, покажуваат најновите официјални податоци.

Бројот на евидентирани невработени лица во Германија се намалил за 7.000 и сега изнесува 2.790.000, што е најниско ниво од декември 1991 година, објави Сојузното биро за труд.

Падот на невработеноста е нешто поголем од очекувањата, со оглед дека аналитичарите предвидуваа намалување на бројот на невработените за околу 5.000.

Стапката на невработеност изнесува 6,4 отсто во август, непроменета е од јули и е на најниско ниво откако западна и источна Германија се обединија во 1990 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП