22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAcer бара купувач

Acer бара купувач

acker3

Претседателот на управниот одбор и основач на „Acer“, Стан Ших, кој ја стартуваше компанијата со капитал од 25.000 долари во 1976-та, oбјави дека се добродојдени понуди за превземање на компанијата.

Имено, „Acer“ во првата половина од својата фискална година работеше со загуба од 90 милиони долари, а продажбата падна за 33% во минатиот месец, додека цената на акциите беше преполовена во однос на април. Но и покрај овие лоши показатели, „Acer“ и натаму е петти по големина „OEM“ производител на компjутери.

Минатата година, извршниот директор на „Acer“, Џејсон Чен, изјави дека иднината на компанијата ја гледа во „Chromebook“ и во 2 во 1 уредите, но судејќи според објави, таа стратегија не даде очекувани резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП