3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечкиот БДП во вториот квартал скокна 2,6 проценти

Словенечкиот БДП во вториот квартал скокна 2,6 проценти

slovenijaplataluge1

Словенечкиот БДП се зголеми во вториот квартал од оваа година за реално 2,6 проценти во однос на истиот период лани, објави словенечкиот статистички завод.

Економистите како главна причина за оживување на економските активности по повеќе години рецесија и овој пат го наведуваат позитивното продолжение на трендовите во извозот, но сега и оживеаната домашна потрошувачка бидејќи потрошувачката на домаќинствата во вториот квартал пораснала за два проценти.

Словенечкиот статистички завод во понеделникот ја корегираше и својата оценка за растот за минатата година, па сега оценува дека растот на БДП лани изнесувал три проценти реално и номинално 3,9 проценти. Заводот во февруари оваа година во својата прва проценка наведе дека словенечкиот БДП лани реално пораснал за 2,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП