19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРетроспектива на творештвото на Манчевски во Бразил

Ретроспектива на творештвото на Манчевски во Бразил

milcho-mancevski

Во Бразил почна ретроспективата на меѓуанродно најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски, чии филмови „Пред дождот”, „Прашина”, „Сенки” и „Мајки” ќе бидат прикажани како дел од едукативната и културна програма Human Rights Cinedebate на бразилскиот Федерален универзитет на Рио Гранде до Сул.

Ретроспективата почна со проекцијата на, „Пред дождот” на 26-ти август, а следуваат на 23-ти септември „Прашина”, 21-ви октомври „Сенки” и на 25-ти ноември ќе биде прикажан филмот „Мајки“.

Филмовите на Манчевски се особено популарни во Бразил. По победата во Сао Пауло на најголемиот бразилски и јужноамерикански фестивал, „Пред дождот“ беше и прогласен за кино-филм на годината во Бразил и предмет на бројни академски трудови. И „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ беа прикажани во Сао Пауло, а имаа и многу успешна кино и телвизиска дистрибуција во Бразил. До денес тие се дел од наставата на бразилските филмски школи и универзитетски програми и се прикажуваат во разни кинотечни и други програми.

Универзитетот на Рио Гранде до Сул е еден од најголемите федерални универзитети во Бразил, лоциран во Порто Алегре, а со единици во многу други градови. Универзитетот се вбројува помеѓу најдобрите во Бразил, со најголема бројка на научни публикации и е признат во целиот свет.

Филмовите на Манчевски се предаваат на стотици универзитети во светот, а во Италија „Пред дождот“ е дел од обавезната наставна програма во средните училишта. Неговите филмови се обработуваат во бројни есеи, книги и филмски енциклопедии; прикажани се на над 200 фестивали, но и во над 50 земји на сите континенти во редовна кино-дистрибуција и на ТВ програмата.

„Пред дождот“, кој е еден од македонските филм со најмногу признанија на меѓународни фестивали и ревии, е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на The New York Times, и има освоено над 30 меѓународни награди, меѓу кои и Златниот лав, Номинација за Оскар, ФИПРЕСЦИ, Давид ди Донатело, Сребрен кондор, награда на УНЕСКО, итн. Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон, итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП