3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманските индустриски гиганти под истраги за корупција во Грција

Германските индустриски гиганти под истраги за корупција во Грција

сиеменс-грееце

Германските индустриски гиганти „Siemens“, „Daimler“ и „Rheinmetall“ се под зголемен надзор на грчките судски власти коишто веќе девет години водат истрага за нивното наводно давање мито на грчките функционери поради добивање исплатливи зделки во јавните набавки, дознава агенцијата AFP.

Датумот на судењето сé уште не е одреден, а со долгогодишната истрага биле опфатени повеќе од 60 лица и би требало да го расветли најголемиот корпоративен скандал во грчката повоена историја, како што го нарекува американското здружение на активисти „CorpWatch“.

Германски „Siemens“ е под сомнение дека дал мито на повеќе државни службеници, за да ги добие работите на целосната модернизација на грчките мрежи за фиксна телефонија во втората половина од 1990-те години. Оваа индустриска групација наводно потрошила 70 милиони евра на мито во Грција, наведуваат за AFP неименувани извори во грчкото правосудство. Портпаролот на оваа компанија во седиштето во Минхен не сакал да го коментира овој случај.

Меѓу обвинетите за корупција е и поранешниор челник на „Siemens“ во Грција, Михалис Христофоракос, кој има и грчки и германско државјанство, и веројатно нема да биде седнат на обвинителната клупа, имајќи предвид дека уште во 2009 година избега во Германија. Германското правосудство го одби барањето за негово предавање во Грција. Случајот на корупцијата на „Siemens“ на грчките функционери дополнително ги затегна нарушените односи меѓу Атина и Берлина, оптоварени со грчката должничка криза и германското инсистирање на жестоките мерки за штедење.

Сега веќе поранешната претседателка на грчкиот парламент, Зоја Константопулу, изјави дека германското одбивање за екстрадиција на Христофоракос ги навестува двојните стандарди на Берлин. „Тоа е прашање на праведноста, која покажува дека Германија применува двојни стандарди“, изјави грчката политичарка во разговорот за францускиот дневен весник Liberation.

„Коруптивните активности на германските компании во Грција добро се познати, но таквите случаи само повремено се истражуваат“, напиша во својот извештај неодамна германскиот Институт за надворешна политика.

Според Transparency International во неговиот индекс на перцепцијата за корупцијата во 2014 година, грчкиот јавен сектор спаѓа меѓу најкорумпираните во Европската унија. Според процените, пак, на парламентарната истрага во текот на кулминацијата на грчката економска криза во 2011 година, надуените трошоци во јавните набавки го оштетиле државниот буџет за две милијарди евра.

Набавката воена опрема спаѓале меѓу многу профитните области са германските компании, имајќи предвид дека Грција со години издвојуваше најмногу буџетски средства во тие цели меѓу членките на Европската унија и НАТО, дури 2,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во 2014 година, на пример, истакнува германската пратеничка Сара Вангенкнехт, од партијата Левица (Die Linke), која инаку е благонаклонета кон Грција и бараше отпишување на нејзините долгови. „Германските компании остварувале значајни профити од огромните грчки купувања оружје“, вели Вангенкнехт во разговорот за AFP.

Годинава во Грција беше покрената и истрага во врска со сомневањата дека германскиот производител на автомобили „Daimler“ ги подмитил грчките функционери во случајот на набавка на воени возила во износ од 100 милиони евра. Под истрага во Минхен е и производителот на тенковите „Loepard“, „Krauss Maffei Wegmann“, додека судот во Бремен уше во 2012 година на „Rheinmetall“ му изрече парична глоба од 37 милиони ера во случајот на корупција поврзана со продажба на системи за противвоздушна одбрана во износ од 150 милиони евра. Два поранешни функционери на претпријатието за индустриски услуги „Ferrostal“ се осудени во Германија, а компанијата мораше да плати парична казна во износ од 140 милиони евра за случај во кој биле подмитени грчките власти во зделки со германски подморници. Коментаторите притоа истакнуваат дека паричните казни ниту одблизу не се соодветни на вредноста на договорените зделки, па е мала веројатноста дека ќе го сузбијат таквото однесување на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП