26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТур оператори од Турција и членки на ТУРСАБ во посета на Македонија

Тур оператори од Турција и членки на ТУРСАБ во посета на Македонија

tursaaaa

Претставници на 18 тур оператори од Турција престојуваат од понеделникот во посета на Македонија, со цел проширување на туристичкиот пазар, зголемување на туристичката размена меѓу двете држави, зацврстување на постоечките и создавање на нови партнерства со Македонија.

Високата делегација од Турција ја предводи претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ- Асоцијација на тур оператори од Турција, Мехмет Акус.

Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Министерството за надворешни работи беа оствари бизнис средби со членовите на ТУРСАБ и туристичките агенции од Турција “SEHAVET TUR, KARACI TOURS, THY, ELÇİ TURİZM, NALMES TURİZM, PARASOL TURİZM, TATİLCE TUR, HEYECAN TURİZM, ZENITH TRAVEL, İSTANBUL SEYR-Ü SEFA, ADALI TURİZM, GÜLSER TURİZM/ G.MARM BYK, OSTAŞ TUR/ G.MARMARA BYK BŞK, FEYİZ TRAVEL, PINAR ERTEN TURİZM, KINALI TURİZM, MOYA TOURS, NEKS-TOUR, TÜRSAB KURUMSAL İLİŞKİLER со туристичкото стопанство од Македонија.

Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ, Мехмет Акус со Аркан Керим, претседател на Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори потпишаа Меморандум за соработка со цел поголема контрола, зацврстување на постоечките и создавање на нови партнерства со Македонија за проширување на туристичкиот пазар значаен за двете земји.

Друга бизнис средба ќе се оствари во Охрид со цел презентирање на хотелските капацитети и зголемување на бројот на туристи од еден од најзначајните туристички пазари за Македонија. Според статистичките податоци бројот на туристи од Турција е зголемен за повеќе од 400%, од 2008 година кој изнесувал 16.000 туристи до 2015 тој број е зголемен за повеќе од 75.000 туристи годишно и остварени повеќе од 140.000 ноќевања.

Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ, Мехмет Акус искажа благодарност за поканата за посета на Македонија од страна на АППТРМ, за целокупната организација, гостопримливоста, големиот интерес од страна на македонското туристичко стопанство и се надева на успешна посета, остарени многу значајни контакти со цел продолжување и зголемување на успешната туристичка размена со Турција.

Информативното патувањето кое во организација на АППТРМ, ќе започне од Скопје, ќе се посети винскиот регион, Битола и музејот на Кемал Ататурк и ќе заврши со дводневна посета на Охрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП