14 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто е опасно да работите работа која не ја сакате?

Зошто е опасно да работите работа која не ја сакате?

stres-600x330

Иако денес постои голем недостаток од работни места, можеби понекогаш се чини подобро што немате работа отколку да поминувате низ тортурата на шефовите и компанијата. Новото истражување вели дека вработените со лоши работни услови страдаат еднакво како и луѓето без работа.

Националниот Универзитет во Австралија ја спореди менталната состојба на вработените и невработените Британци. Водичот на студијата Петер Батерворт изјави дека вработените кои се незадоволни од својата работа чувствуваат исти проблеми како и невработените луѓе. Додаде дека таквите луѓе еднакво чувствуваат анксиозност или депресија, без оглед што едните заработуваат, а другите не.

Некои претходни истражувања покажаа дека луѓето кои се назадоволни со својата работа имаат зголемен крвен притисок и кога не се на работа, пишува Daily Mail. Исто така оние кои се на повисоките позиции имат за 20 проценти поголеми шанси да добијат некоја болест на срцето.

Психологот Дерил Конор нагласува дека се се сведува на чувството дали имаме или немаме контрола над она што го работиме. Еден од примерите е дека чувството дека нашиот труд и залагање на работа не се адекватно наградени предизвикува стрес, а тоа ги зголемува шансите за болести на срцето.

Професорот Батерворт додава дека подобрувањето на условите за работа како подобро осигурување, помалку работни задачи и растот на самодовербата на вработените може позитивно да влијае на психичкото здравје, а може да доведе и до помалку боледувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП