Индексот на бројот на работниците во индустријата во Македонија во јули бележи пораст во однос на истиот месец лани, од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен на годишно ниво бележи опаѓање од 2,8 отсто, а бележи пораст во секторот Преработувачка индустрија од 1,6 отсто, и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,2 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,7 отсто, Капитални производи за 19 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јули 2015-та година бележи пораст за 1,9 отсто во однос на истиот период лани.