28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи пред најголем месечен пад за четири години

Европските берзи пред најголем месечен пад за четири години

photo_verybig_130937

Цените на акциите на европските берзи во понеделникот повторно се најдоа под притисок поради нестабилноста на кинеските берзи, а со оглед дека во август остро паднаа, на германски DAX и париски CAC им се заканува најголема месечна загуба за последните четири години.

Франкфуртски DAX околу пладне беше во минус 1,20 отсто, на 10.175 пони, а париски CAC се намали за 1,10 отсто, на 4.624 поени. Во Лондон не се работи поради празник.

Лошото расположени на европските берзи е последица на натамошниот пад на цената на кинеските акции, кои изутрината се намалија за 1 отсто.

Притисок на индексите во Шангај со повремени прекини, трае од половината на јуни. Од тогаш кинеските берзански индекси загубија над 40 отсто, што последица од стравувањето на инвеститорите за нагло забавување на втората по големина светска економија.

Поради тоа со нетрпение се чекаат новите макроекономски показатели. Во вторник ќе биде објавен извештајот за производните активности во Кина, а аналитичарите проценуваат дека овој индекс ќе падне на најниско ниво за последните три години.

Во фокусот на инвеститорите оваа недела ќе се најдат низа извештаи од американската економија, кои ќе покажат дали забрзува растот на најголемата светска економија и дали има простор за зголемување на каматите на Fed.

Инвеститорите се надеваа дека поради потресите на светските финансиски берзи американската централна банка ќе го одложи зголемувањето на клучните каматни стапки за крајот на годината и за почетокот на следната година.

Меѓутоа, во петокот неколку функционери на Фед порачаа дека и покрај ризиците поради потресите на финансиските пазари, можно е зголемување на каматите веќе во септември, доколку состојбата на берзите се смири до почетокот на седницата на Фед закажана за средината на месецот.

„Превирањата на берзите ќе продолжат уште некое време. Кина е придвижувач на ваквиот развој, но вистинска причина за распродажбите е нервозата поради каматите во САД. Се чини дека периодот на евтини пари на берзите е при крај“, вели Коев де Луис, економист во компанијата KBC.

По бурното тргување во последните недели поради девалвацијата на кинеската валута и остриот пад на цените на кинеските акции, што ги разниша сите свески берзи, на француски CAC и на германски DAX им се заканува месечен пад од околу девет отсто, најголем за последните четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП