21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакпетрол со загуба од над 4 милиони евра за првото полугодие

Макпетрол со загуба од над 4 милиони евра за првото полугодие

makpe

Во првото полугодие од годината Друштвото успеа да оствари продажба, на нафтени деривати, биодизел (ФАМЕ), глицерин и природен гас во висина од 180.139 тони што претставува зголемување во однос на истиот период од минатата година за 19 и.п. кога е остварена продажба во висина од 150.921 тони.

Во овој период МАКПЕТРОЛ АД Скопје оствари вкупен приход во износ од 9 милијарди денари кој е помал од минатогодишниот за 1,197 милијарди денари или 12 и.п. Ваквото намалување на приходите се должи на ефектот од намалувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година, велат од компанијата.

Во истиот период остварени се вкупни расходи во висина од 9,25 милијарди денари што преставува намалување во однос на минатата година за 1,059 милијарди денари или 10 и.п. во што повторно најголем удел има намалувањето на цените на дериватите.

Од таму велат, потребно е да се истакне дека набавната вредност на стоките со кои тргува Друштвото изнесува 8 милијарди денари во 2015 год и учествува со приближно 89% во искажаните вкупни приходи и расходи и е за 13 и.п. намалена во однос на 2014 год. кога изнесувала 9,2 милијарди денари.

Како резултат на вака остварените приходи и расходи Макпетрол АД Скопје и покрај зголемениот обем на продажбата, искажа загуба од 243,4 милиони денари.

 

Од компанијата наведоа четири основни причини за искажаната загуба:

1.Намалување за 167,8 милиони мкд на износот на дополнителната маржа која се остварува над висината на пропишаната маржа од страна на РКЕ на РМ при набавката на нафтените деривати и тоа поради лошиот сооднос помеѓу реалните и пропишаните набавни цени. Ова е доказ дека пропишаните маржи од страна на РКЕ на РМ кои, патем речено, не се променети уште од почетокот на 2003 година, се неоправдано ниски и недоволни за рентабилно работење.

2.Работењето на биорафинеријата со недоволен капацитет поради повеќегодишно непостоење на домашна регулатива за задолжително намешување на дизел горивата со чист биодизел која регулатива се најавува секоја година почнувајќи од 2007 година. Друштвото беше приморано да изврши преработка на суровини и да изврши извоз на готови производи во неповолни ценовни услови кои резултираа со негатива во износ од 104,2 милиони мкд.;

3.Високите трошоци по основ на камати за користење кредити од деловните банки кои сепак имаат тренд на намалување поради намалувањето и на кредитната задолженост како резултат на извозот на производството од Биорафинеријата;

4.Високите трошоци за одржување на складовите за нафтени деривати кои во целост се намируваат од страна на Друштвото иако истите се во мешовита сопственост со Агенцијата за стоковни резерви и со Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП