23 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да си го олесните работниот ден по годишниот одмор?

Како да си го олесните работниот ден по годишниот одмор?

office-634x330 (1)

Првиот работен ден по годишниот одмор е прилично депресивен, а еве неколку добри совети како да го разведрите.

За почеток пуштете си ја омилената музика, бидејќи таа има моќ на подигнување на расположението, па нека ви бидат при рака омилените песни кои ќе ви служат како награда. Нормално, смислете и некоја награда за крај на работниот ден – кафе во познатото кафуле, колачи во омилената слаткарница или нешто слично.

Штом дојдете средете го работното биро – нека биде уредно, а на него ставете некои ситници кои ве развеселуваат или некои нешта со кои повремено ќе си го одморите мозокот и очите.

Во една фиока од бирото нека ви стои тајната залиха на грицки кои ги сакате и кои на вашето лице ќе донесат насмевка.

Со колегите на утринското кафе разменете ги искуствата и не разговарајте за тоа што треба да направите, туку присетете се на прекрасните моменти од годишниот одмор кои ќе ве стават во добро расположение.

И да, за време на паузата задолжително прошетајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП