25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе обединуваат фармерите, производители на млеко

Се обединуваат фармерите, производители на млеко

mleko-farmeri

Свесни за придобивките и значењето на првата кооператива за млеко Милкооп, повеќе од 15-тина фарми производители на млеко, од неколку реони низ Македонија и официјално се приклучија кон ово систем, станувајќи воедно и партнери и основачи на оваа кооператива за млеко. Функционирањето на Милкооп е верифицирано и од Министерството за земјоделие на Р. Македонија, а ќе работи во согласност со законските прописи и националната стратегија за развој  на производството на квалитетно домашно млеко.

Се здруживме за да си помогнеме сами на себе, подобро да ги искористиме сопствените производствени потенцијали, да дојдеме до подобра квалитет на млекото како и до посигурен и гарантиран отку по прифатливи цени. Очекуваме за кратко време кон нашата кооператива да се приклучат и нови фармери, Милкооп да окрупнува и да прерасне во еден сериозен откупувачки центар на млеко, кој ќе работи пред се во интересите на македонските фармери”, изјави Мартин Трајчев менаџер на Милкооп.

Милкооп се очекува да обезбеди подобра организираност, развој и сигурност во работењето на фармерите, млекопроизводители. Нивно окрупнување и подобра позиција во преговорите со млекопреработувачките центри. На фармерите ќе им биде понудена квалитетна добиточна храна на одложено плаќање по прифатлива цена, обуки за хигиена на фарма и исхрана на кравите, правни совети, ветеринарни совети, проверка на квалитетот на млекото но и помош околу обезбедувањето на субвенции од страна на државата. Млекото ќе се продава на оние млекопреработувачи кои ќе обезбедат најдобри услови за откуп врз основа реални економски параметри.

Милкооп е резултат на долгорочно планирање и сеопфатни анализи, наменети за поддршка на фармерите, што треба да придонесе кон развој на примарното производство, подобрување на квалитативните параметри на млекото, како и кон поголема застапеност на домашното млеко на домашниот пазар. Ефектите би биле позитивни и за македонската економија, во која земјоделието е еден од клучните сегменти за развој, за што Македонија има долгорочен потенцијал.

Македонското млеко е наше, дел од нашата традиција и аманет од постарите. Треба да го чуваме и да се грижиме за неговиот развој и квалитет а надлежните институции и понатаму да го поддржуваат, и да се вратиме на високите количини на произведено млеко од минатото, порачуваат од Милкооп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП