28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп 8 банкроти на познати личности

Топ 8 банкроти на познати личности

slavni b

Слава, многу пари, влогови во недвижности, развратен живот, сето ова многу од светските ѕвезди ги доведе до огромни долгови и „нули“ на кредитните картички.

Нивите приказни се различни, а ние пронајдовме банкроти меѓу познатите личности, музичари и спортисти, кои баш и не успеаа да се снајдат со своите пари.

NEW YORK, NY - JUNE 02: 50 Cent attends "Power" Season Two Series Premiere at Best Buy Theater on June 2, 2015 in New York City.  (Photo by Dimitrios Kambouris/Getty Images)

Раперот „50 Cent“ е последен од познатите личности кои прогласија банкрот. Неговата верзија за банкротирањето ќе му дозволи да ја контролира својата работа, како би направил план и реорганизација на својот имот со што би избегнал ликвидација. Од судот му пристигнала наредба на сопругата да исплати 5 милиони долари, поради секс снимка која ја направила со својот дечко, а каде „50 Cent“ коментирал и ја поставил на интернет без нејзина дозвола. Пет милиони долари би требало да е ситница за личност која најверојатно има заработено над 100 милиони инвестирајќи во витаминска вода. Како што кажува тој, потребно му е само малку време да се доведе во ред, водејќи се по своето мото „Збогати се или умри обидувајки се“.

NEW YORK, NY - JULY 06:  Donald Trump attends the 2015 Hank's Yanks Golf Classic at Trump Golf Links Ferry Point on July 6, 2015 in New York City.  (Photo by Andrew H. Walker/Getty Images)

Токму како и „50 Cent“, Доналд Трамп еднаш има прогласено банкрот во своите деловни потфати во Вегас. Тој тврди дека тоа било стратешки потег за да ја реорганизира својата работа и ги искористил законите за банкрот во своја корист, што е вообичаено за големите компании. Нормално, губитокот на неколку работи не е некоја голема работа за некој како Доналд Трамп, тој секако секогаш има доволно идеи за во иднина кои ќе ги заменат оние неуспешните.

Geffen Playhouse's Annual 'Backstage At The Geffen' Gala - Arrivals

Елтон Џон прогласи банкрот во 2002-ра година. Купувал недвижности во сите делови во светот. На картичките правел трошок од дури 400.000 долари месечно, па успеал да потроши 50 милиони евра за 20 месеци. Во тој период, само за цвеќе има потрошено 450.000 долари.

NEW YORK, NY - SEPTEMBER 26:  Actress Kim Basinger attends the "Black November" New York Premiere at United Nations on September 26, 2012 in New York City.  (Photo by Theo Wargo/Getty Images)

Ким Бесинџер е добро позната по својот статус на „Bond“-девојка, нејзините улоги се наградени со Оскар, како и улогата во филмот  „8 mile“. Во 1989-та година, купила 1691 хектар земја, односно мал град „Braselton“, по цена од 20 милиони долари. Планирала целиот тој имот да го претвори во туристичка атракција, но тоа никогаш не се случило. Поради своите финансиски потешкотии била принудена да го продаде овој имот, што довело до семејни расправии. Исто така морала да се откаже од снимањето на филмот „Boxing Helena“ во 1993-та година, па продуцентската куќа ја тужела. На крајот поднела барање за банкрот.

Soul Train Awards 2013 - Arrivals

Тони Брекстон беше една од најпродаваните пејачки во текот на деведесетите години, и заслужено ја носеше титулата на  R’n’B музиката. Нејзината “Unbreak my heart” и донесе и „Grammy“ награда. Во текот на 1998-ма година, прогласила банкрот, а како причина за тоа го навела недоволниот прилив на пари од својот прв албум и своите потрошувачки навики кои се надвор од контрола. Прогласила банкрот и по втор пат кога морала да го откаже своето шоу во Вегас бидејки и била дијагностицирана микроваскуларна ангина. Нејзина среќа е што е популарна во Европа, па и понатаму може да изведува мали, приватни настапи за своите фанови со длабоки џебови.

Warner Bros. At Comic-Con International 2014

Мајк Тајсон ни е познат на сите како некогашен светски шампион, кој на својот противник Ивандер Холифилд во текот на мечот му одгриза половина уво. Исто така има отслужено 3 од 6 години затвор по осуда за силување, а имаше и доста проблеми со законот за користење наркотици. Иако во текот на својата славна кариера има заработено околу 300 милиони долари, не бил во можност да плати данок и прогласил банкрот во 2003-та година.

BET AWARDS '14 - Arrivals

MC Hammer“ има продадено преку 50 милиони плочи во текот на својата рап кариера. Магазинот „Forbеs“ објави дека во еден момент неговата вредност била околу 30 милиони долари, но тоа не потраја долго. Премногу пари трошел на својот личен луксуз, на членови на персоналот, ги издржувал фамилиите на пријателите, па така се пронашол во долг висок 13 милиони долари. Прогласил банкрот во 1996-та година.

13th Annual AARP's Movies For Grownups Awards Gala - Arrivals

Овие денови, водителот на „CNN“, Лери Кинг, вреден околу 150 милиони долари, „го дофатил дното пред да се вивне во висина“. Работел како водител во текот на шеесетите, што всушност и не била некоја кариера која носи многу пари. Работите му тргнале на лошо кога во 1971-ва година бил уапсен и обвинет за тешка кражба дека наводно украл 5.000 долари од својот деловен партнер. Иако обвинението било отфрлено, тој ја изгубил работата и бил задолжен 350.000 долари. Прогласил банкрот во 1978-ма година, но подоцна добил работно место како водител во радио емисија која била една скала кон неговата позната „CNN“ емисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП