ЕКОНОМИЈА

Активностите за изградба на пречистителна станица во Прилеп се одвиваат според предвидената динамика

pre stanica prilep

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска го посети Прилеп при што заедно со градоначалникот Марјан Ристески, изведувачите и надзорот одржаа состанок за статусот на договорот „Изградба на пречистителна станица во Прилеп“ и заемно договарање за идните активности.

Проектот е финансиран во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), а е кофинансиран од националниот буџет.

Договорот за градба е во износ од околу 9,7 милиони евра и е склучен со конзорциумот Понстрој инженеринг ЕАД и ЕКО-пројект ООД. Надзорот на градежните работи го вршат ИГИП-Инженеринг во конзорциум со Иванов Инженеринг, ангажирани преку ИПА договор.

По состанокот направена е посета на локацијата предвидена за градење на пречистителната станица.