16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ со поддршка од 600 милиони евра за земјите од западен Балкан

ЕУ со поддршка од 600 милиони евра за земјите од западен Балкан

premieri22

Европската унија (ЕУ) на државите од западен Балкан ќе им додели 600 милиони евра за енергетски, сообраќајни и железнички проекти, соопшти австрискиот вицеканцелар и министер за економија, Рајнхолд Митерленер.

На самитот за западен Балкан, кој започна денеска во Виена, австрискиот министер изјави дека на овој начин се покажува дека ЕУ не дава само изјави, туку и пари за конкретни проекти. Договорениот пакет за поддршка е предвиден за десет различни проекти кои ќе започнат наскоро, а меѓу нив е и автопатот Ниш – Приштина – Драч, како и модернизацијата на железничката пруга меѓу Белград и Сараево, пренесува Танјуг.

Митерленер соопшти дека се потврдени 24 проекти кои ќе бидат реализирани следните години, во вредност од околу 7,7 милијарди евра. Според него, со ова треба да биде постигнат раст на бруто домашниот производ (БДП), од еден отсто годишно во земјите од западен Балкан, а целта е и во наредните 15 години да се отворат 200 илјади нови работни места.

Самитот за западен Балкан, кој се одржува во рамките на Берлинскиот процес, инициран од страна на германската канцеларка Ангела Меркел, се одржува со цел да се засили поддршката за европската перспектива, економскиот развој и подобрата инфраструктура во регионот, како и соработка со земјите од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП