4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПобеда на Украина - и бришат петина од долгот

Победа на Украина – и бришат петина од долгот

dolg uk

Украинското Министерство за финансии објави дека Украина со своите доверители договорила отпис на петина од државниот долг, јавуваат светските медиуми.

Како што наведуваат, кредиторите прифатиле да отпишат 20 проценти од украинскиот суверен долг кој изнесува 19 милијарди долари и така долгот да го сведат на 15.5 милијарди долари.

Во соопштението од Министерството за финансии на Украина се наведува и дека е договорено отплатата на државниот долг да биде продолжена за четири години, односно до 2027-ма година.

Според договорот, отплатата на украинските обрзници, ќе зависи од темпото на растот на економијата. Се додека економскиот раст е под 3 проценти годишно, Украина нема да мора да ги отплаќа обрзниците.

Киев го поздрави овој договор со кредиторите како клучен чекор кон враќање на макроекономската стабилност, оздравување на економијата и привлекување на меѓународни инвестии.

Официјални претставници на Киев, претходните две недели преговарале во Сан Франциско каде е седиштето на најголемиот сопственик на украинските обврзници, инвестициската компанија „Френклин Темплетон“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП