26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТиквеш со две наградени вина на „Chardonnay du Monde”

Тиквеш со две наградени вина на „Chardonnay du Monde”

tikvesh-vino

На светскиот натпревар „Chardonnay du Monde  2013”, каде се натпреваруваат најдобрите вина од светот од сортата „шардоне“, виното на винарската визба „Тиквеш“ „Chardonnay Limited Edition“ од бербата 2012  е наградено со сребрен медал, а бронзен медал доби виното „Chardonnay Special Selection“ од бербата 2012. Тиквеш е единствената винарница од регионот која годинава доби две награди на овој значаен натпревар.

„Тиквеш“ ги доби престижните награди за своите вина во конкуренција на 872 вина од сортата „шардоне“ од 42 земји во светот, врз основа на оценки од судии со врвно меѓународно искуство. Скоро половина од судиите кои ги оценуваа вината доаѓаат од Франција од каде што потекнува оваа сорта грозје.

Од „Тиквеш“ оценуваат дека наградите за нивните вина се уште еден доказ оти и во Македонија со врвна технологија, посветеност и знаење може да се создаде висококвалитетно вино од сортата „шардоне“ конкурентно на светско ниво.

– Наградите се одлична потврда за сите наши досегашни заложби да создадеме врвни вина во светски рамки, но истовремено креираат и нови повисоки критериуми кои освен што треба да се одржат, треба и да се надминат. Оваа награда која ја добивме на годинашново натпреварување на „Chardonnay du Monde“ е уште поважна за нас бидејќи уште еднаш покажува дека можеме да ги достигнеме и повисоките цели во нашата мисија да создадеме врвно вино кое добива и светска потврда“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“.

На натпреварот „Chardonnay du Monde” кој годинава се одржа по 20-ти пат, вината се оценуваат според типизираноста и интензитетот на аромите.  Целта е унапредување на вината од сортата „шардоне“ и понуда на експертиза и поддршка за натамошна промоција и позиционирање на наградените вина на пазарот, во услови на огромна конкуренција на вина и сорти од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП