7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАЕК апелира при-пејд корисниците да ги регистрираат броевите

АЕК апелира при-пејд корисниците да ги регистрираат броевите

aek1

Агенцијата за електронски комуникации апелира сите корисници на при-пејд броеви во следниот период да ги регистрираат своите броеви, заради лична безбедност и за безбедноста на сите граѓани на Македонија.

Со проектот за регистрација на сите при пејд корисници во државава што АЕК го започна неодамна во соработка со мобилните оператори Т-мобиле, Оне и Вип оператор, веќе е надмината праксата со која до пред извесно време, секој можеше да отиде до најблиската трафика или продажен салон на кој било од трите мобилни оператори и да купи при-пејд сим картичка без притоа да остави какви било лични податоци.

– Повеќе не може да се купи при пејд сим картичка без да се остават лични податоци на корисникот. Причината за започнување на овој проект се податоците и искуствата кои покажуваат дека користењето на нерегистрирани при пејд картички знае да предизвика несакани последици. Неретко истите овие при-пејд картички се злоупотребуваат, се користат како анонимни броеви и ја нарушуваат безбедноста на голем број граѓани, соопшти денеска АЕК.

Регистрацијата може да се изврши со идентификување на претплатникот на продажното место со проверка на податоците од оригинален и валиден документ за идентификација, повикување од страна на претплатникот на посебно утврден број каде истиот ќе може да ги наведе бараните податоци (Т-мобиле – 1233, Оне оператор – 14181, Вип оператор – 140150), испраќање на податоците од страна на претплатникот  преку кратка текстуална порака на посебно утврден број, внесување на податоците од страна на претплатникот преку соодветна интернет страна (веб портал) или друг начин утврден од операторите и/или давателите на услуги.

– Преку спроведување на проектот уште повеќе ќе се унапреди пазарот на електронски комуникации, ќе се зголеми нивото на безбедност на граѓаните, а Македонија ќе се приклучи кон голем број земји од регионот и Европа кои веќе имаат во целост спроведено  таков проект. Важно е сите корисници на при-пејд броеви да покажат поддршка на овој проект и навреме да се регистрираат, бидејќи регистрирањето на при пејд броевите е за општо добро, се вели во соопштението АЕК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП