24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа саемот за мебел пријавени рекорден број изложувачи

На саемот за мебел пријавени рекорден број изложувачи

saem-mebel

Овогодинешното издание на Меѓународниот саем за мебел ќе се одржи наредната недела на Скопски саем. Ќе се претстават 160 директни изложувачи од земјава и странство, а се очекува и зголемен број посетители.

Саемот ќе се одвива во седум саемски хали. Според оперативниот директор на проектот Мебел 2013 Магдалена Хамбова, 20 проценти од изложувачите се од странство, а карактеристично е што од година во година расте бројот на домашни производители на мебел, што покажува дека има подем во оваа индустриска гранка. Присутни се компании од Македонија, Италија, Бугарија, Грција, Германија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Австрија и Чешка, а компаниите од Турција ќе имаат заеднички настап.

Саемот за посетителите ќе биде отворен од 26 март до 31 март, а ќе има можност да се погледнат најновите трендови во производството на мебел за дом, за кујни, бањи, спални, детски соби, канцелариски, мебел за јавни објекти, за индустрија и слично.

Хамбова истакна дека минатата година оваа саемска манифестација ја посетиле над 50.000 посетители, а оваа година очекуваат во шесте саемски делови да привлечат поголем број посетители. Таа смета дека тоа се должи на потребата за нов дизајн, за промена и адаптирање на своите домови.

Традиционално ќе биде доделена наградата за производителите и трговците, а предвидена е и наградна игра за посетителите.

За времетраењето на Мебел 2013, во Управната зграда на Скопски саем ќе биде отворена изложба на антиквитетен мебел и уметнички слики, организирана од Асоцијацијата за култура ИКОН.

Скопски саем обезбеди и изложбен простор без надомест на СОС Детско село, на кој штитениците ќе имаат своја промоција и ќе го презентираат и понудат на посетителите она што го создаваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП