5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовите кинески мерки го стабилизираа нафтениот пазар

Новите кинески мерки го стабилизираа нафтениот пазар

nafta 93939

Нафтените пазари се стабилизираа во откако кинеската централна банка презеде дополнителни мерки за да ја поттикне економијата, иако надолниот тренд и натаму го кочи големата заситеност на пазарот.

На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и со барелот се тргува по 43,41 долар. Поголема промена во цената немаше ниту на американскиот пазар каде со барелот се тргува по 39,46 долари.

Кина во вторникот ја снижи референтната каматна стапка и нивото на задолжителна резерва за банките, а денеска на пазарот вбризга 21,8 милијарди долари за да ги поттикне кредитирањето и да ја поттикне реалната економија.

Кинеските потези ги смирија берзите, но и натаму е присутно внимание, констатираат во ANZ.

Евентуалниот раст на цените ќе биде ограничен со оглед дека проблемот со прекумерно снабдување веројатно нема да биде отстранет во краткорочна перспектива, додаваат аналитичарите.

Дека ќе биде тешко да се намали заситеноста на светските пазари покажуваа и фактот дека берзите во средата речиси и не реагираа на податокот за намалувањето на залихите на сурова нафта во САД во минатата недела, за дури 7,3 милиони барели, како што покажува извештајот на Американскиот институт за нафта. Аналитичарите очекуваа раст на залихите за еден милион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП