11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем раст на платата во Хрватска од 2008-ма година

Најголем раст на платата во Хрватска од 2008-ма година

hrvatska rabotnici 222

Просечната нето плата во Хрватска во јуни излесувала 5.810 куни, односно 770 евра, што е 4.5 проценти повеќе во однос на истиот месец од минатата година, покажува извештајот на Државниот завод за статистика.

Ова е најголем раст на платите во Хрватска од 2008-ма година па наваму. Според извештајот на ДЗС, просечната исплатена нето плата за јуни изнесувала 5. 810 куни, што значи дека во споредба со истиот месец во 2014-та година е покачена за 252 куни или 4.5 проценти, и е воедно највисокиот номинален годишен раст на просечната нето плата од април 2009-та, кога имало раст за 5.1 процент.

Во јуни е забележана стагнација на инфлацијата на годишно ниво во истиот месец, годишниот реален раст на нето платата е евидентиран на исто ниво како и номиналниот раст односно за 4.5 проценти, објаснуваат аналитичарите на „РБА“, истакнувајки како тоа е највисокиот годишен реален раст на нето платите од декември 2008-ма година.

Релативно значајниот пораст на просечната нето плата на годишно ниво е подржан од новиот Закон за данок на доход кој е на сила од почетокот на годината. Во однос на мај, просечната нето плата пораснала за 131 куни, што претставува месечен раст од 2.3 проценти.

До крајот на годината се очекува продолжување на позитивните годишни стапки на растот на нето платата, која ќе биде под ефект од даночните измени во Законот за данок на доход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП