20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците живеат подобро од Русите, а Дубровник има подобра храна од Париз

Грците живеат подобро од Русите, а Дубровник има подобра храна од Париз

du 33

Најпријатно се живее во Сингапур, Мексичкото одморалиште Конкун дава најдобар поглед, а во Даблин пак, туристите се осеќаат добро затоа што мештаните се пријателски настроени.

Квалитетот на животот е најдобар во Сингапур, а последното место на листата од 64 држави  припаѓа на Нигерија. Меѓу овие држави е Грција на 43-то место, пред Русија која е на 52-ро, додека пак Саудиска Арабија е на 62-ро место.

Според истражувањата на организацијата „Inter Nations“ за 2015-та година по Сингапур, најдобро се живее во Еквадор кој е на второ место, а потоа следат Австрија, Швајцарија, Португалија, Шпанија, Јапонија, Чешка, Германија и Јужна Кореа која е на 10 место.

Од земјите кои ги издвојуваат како интересни е Австралија која е на 13-то место, Канада на 19-то, Нов Зеланд на 25-то, Шведска се наоѓа на 26-то место, а Америка на 30-то место. Британија го зазема 31-то место, а Ирска е 51-ва. Во истражувањата се земени во предвид неколку категории – слободното време, среќата, патувањето, транспртот, безбедноста и благосостојбата.

Според друго истражување објавено во „The Irish Times“, во Дубровник се јаде подобро одколку во Париз, кој е всушност светски познат по добрата храна. Во предвид биле земени гласовите на корисниците на „Твитер“ кои заклучиле дека Дубровник е најдобра дестинација за љубителите на добра храна.

Даблин во Ирска го избрале за најпријатниот град за туристи бидејки мештаните се пријателски расположени кон туристите и таму се чувствуваат добредојдени. Ница во таа категорија го зазема второто место.

Ова истражување го направил порталот „ebookers.com“ анализирајќи илјадници „твитови“. Се оценувала најдобрата храна, најдоброто зајдисонце, најубавиот поглед, времето и расположението на мештаните. На пример за место со најубав поглед на светот е прогласен Канкун во Мексико, а на втората позиција се наоѓа Њујорк.

quality_of_life_index_full

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП