22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИМакедонските преработувачи во Стокхолм, очекуваат зголемен извоз на шведскиот пазар

Македонските преработувачи во Стокхолм, очекуваат зголемен извоз на шведскиот пазар

prerabotuvaci

Македонски компании од преработувачката прехранбена индустрија ги претставија своите производи и можности за влез на шведскиот пазар. Задоволни од првите импресии, претставниците сметаат дека оваа посета ќе овозможи воспоставување нови деловни контакти и зголемен извоз на македонските традиционални производи во Шведска.

Покрај промоцијата во Стокхолм, претставниците на „Ларс“, „Випро“, „Вори“, „Универзал промет“ и „Бонум“, покрај презентацијата во Стокхолм, го посетија и најголемиот малопродажен ланец во Скандинавијата ICA.

На промоцијата присуствуваа 20 учесници од Шведска меѓу кои COOP, втор по големина малопродажен ланец за прехранбени производи, Пливит треид, преставници на Стопанската комора на Шведска, кои ќе помогнат во промовирањето на македонските производи во Шведска.

– Основната цел на оваа активност беше да се посетат големите увозници/дистрибутери/продавачи на мало кои тргуваат со преработки од зеленчук, да се презентираат македонските производи и да се види можноста за поголем извоз на нашите производи во Шведска. Активноста е повеќе од успешна. Остваривме посета на двата најголеми продавачи на мало во Шведска – ICA и COOP, го посетивме и SEVAN – компанија која увезува и дистрибуира преработени прехранбени производи низ цела Шведска и имавме можност формално да ги презентираме нашите производи на двата деловно промотивни настани кои се одржаа на 19 март 2013 година, истакнаа претставниците на компаниите.

Промоцијата и посетата на македонските компании беше во организација на Агенцијата за странски инвестиции, АгБиз програмата на УСАИД и консултантската фирма МЦГ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП