24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемува популарноста на Словенија меѓу туристите

Се зголемува популарноста на Словенија меѓу туристите

tur avion 33

Во првата половина на 2015-та година, Словенија евидентирала околу 4,1 милион туристички ноќевања, што е 7 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.

Во овој период, туристичките објекти во Словенија дочекале повеќе од 1,5 милиони туристи, или 10 проценти повеќе на годишно ниво според податоците на Заводот за статистика, пренесува агенцијата „СТА“.

Бројот на странски туристи во овој период пораснал за 8 проценти, а на домашните за 11 проценти, додека пак бројот на ноќевања на странските туристи пораснал за 8 проценти, а на домашните 6 проценти.

Само во јуни, бројот на ноќевања пораснал за 7 проценти на годишно ниво на 975.000, додека бројот на туристи пораснал за 10 проценти на 376.000, од кои 65 проценти биле странски туристи. Најмногу Германци (14 отсто), потоа Австријци (12 проценти), Италијанци (10 посто), Британци (7 отсто) и Холанѓани, Руси и Хрвати (по 4 проценти).

Близу 580.000 ноќевања или 60 проценти од вкупниот број ноќевања во јуни регистирале хотелите, а 160.000 или 16 отсто, камповите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП