21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои милијардери загубија најмногу во текот на завчерашниот ден?

Кои милијардери загубија најмногу во текот на завчерашниот ден?

berza zagubi e033

Најбогатиот човек во Азија изгубил 3.6 милијарди долари при завчерашниот пад на светските берзи, кога пазарите во Кина забележаа најголем пад од 2007-ма година, а распродажбите се раширија низ целиот свет.

Богатството на Ванг Џиенлин е намалено за 2 милијарди долари само како последица на поевтинувањето на делот во „Dalian Wanda Commercial Properties Co.“, според индексот на милијардери на „Bloomberg“. Акциите на градежната компанија со седиште во Хонгконг загубија 17% од својата вредност, поевтинување до најниско ниво, откако компанијата излезе на берза во декември. Ванг исто така изгубил околу 1 милијарда долари од тргувањето на берзата во Шенжен „Wanda Cinema Line Co.“, чија пазарна капитализација падна за 10%. Сепак, богатството на Ванг се проценува на над 31 милијарди долари, дури и по овие загуби.

Вкупно на 24 милијардери завчера нивното богатство било намалено со над 1 милијарда долари.

Според „Bloomberg“, четиристотините најбогати луѓе во светот, пак изгубиле околу 124 милијарди долари завчера. Во последно време најсеиозно се погодени азиските милијардери. Тие се разделиле со една петтина од вкупното богатство во последните три месеци или со 54 милијарди долари од почетокот на тргувањето во петокот.

Видете кои се најголемите губитници од завчера:

5. Карлос Слим (Мексико) – изгубил 1,6 милијарди долари

4. Амансио Ортега, „Inditex SA“ (најголем губитник во Европа) – изгубил 1,5 милијарди долари

3. Ворен Бафет, „Berkshire Hathaway“ – изгубил 2 милијарди долари

2. Бил Гејтс, „Microsoft“, најголем губитник по Ванг Џиенлин – изгубил 3,2 милијарди долари

1. Ванг Џиенлин, „Dalian Wanda Commercial Properties Co.“ – изгубил 3,6 милијарди. долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП