Денеска ќе биде претставена новата програма Моја идеја! Мој бизнис!, а целта е да се поддржи креирање нови работни места во Пелагонискиот регион преку претприемништво.
Програмата ќе ја имплементира CEED Македонија, а е целосно поддржана од Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.
Програмата се стреми кон зацврствување и развивање на претприемничкиот дух и да дава конкретна поддршка за започнување или доразвивање на мали или семејни бизниси во регионот на Пелагонија. Преку програмските активности младите лица кои ќе бидат вклучени во оваа Програма ќе имаат можност да се здобијат со бизнис знаења и претприемачки вештини, како и пристап до финансиски средства.
Програмата пред сè е наменета за младите на возраст од 18 до 30 години, кои се невработени, кои имаат бизнис идеја која треба дополнително да се разработи и да се претвори во оперативен бизнис или, пак, за оние кои се во фаза на стекнување со универзитетска диплома и кои планираат да започнат свој бизнис во блиска иднина, како и за млади луѓе кои имаат бизниси во почетната фаза на развој (но, не подолго од три години) и на кои што им треба помош за понатамошен раст.