4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗакрепнаа нафтените пазари

Закрепнаа нафтените пазари

nafta 02

Нафтените берзи закрепнаа денеска иако растот и натаму го кочи прекумерното снабдување и загриженоста поради забавување на економскиот раст во Кина и можно влијание на таквиот тренд на нафтената побарувачка.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна 1,30 долари во однос на претходното затворање, на 43,99 долари. Во САД со барелот се тргува по 1,15 долари повисока цена, од 39,39 долари.

Кина во вторникот дополнително ја ублажи монетарната политика, снижувајќи ги клучните каматни стапки и нивото на задолжителни резерви за да ја поттикне реалната економија. Потегот е дочекан со олеснување на пазарите на акциите ширум светот, иако почетната реакција беше пригушена.

„Кинеската економија и натаму забавува, а Фед би можел да ги подигне клучните каматните стапки пред крајот на годината. Со тоа се отвораат нови пукнатини во двата главни столба на кои се потпираше светската економија во изминатите години- кинеската побарувачка и евтините пари“, толку Фредерик Нојман од HSBC.

Освен превирањата во Азија нафтените пазари ги мачи и прекумерното снабдување кое почна да ги притиска цените кон средината на минатата година.

Неколку членки на OPEC произведуваат рекордни количини нафта за да го сочуваат пазарниот удел од конкуренцијата, особено од САД каде дојде до процут на производството од шкрилци.

Одредени држави побараа итен состанок на OPEC за да расправаат за евентуално намалување на производството, но мали се шансите дека најголемиот производител Саудиска Арабија ќе пристане на тоа, напоменува Reuters.

Дополнително во вторникот загриженоста поради прекумерното снабдување  го поттикна Иран, порачувајќи дека ќе го зголеми производството на нафта и ќе го врати пазарниот удел штом санкциите бидат укинати, дури и во случај цените да се задржат на ниско ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП