19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААналитичарите мислат дека денешниот ден на берзите е затишје пред нова бура

Аналитичарите мислат дека денешниот ден на берзите е затишје пред нова бура

berza-bura

Компанијата од Чикаго за истражување на пазарот „Spectrem Grup“, објави дека според нивниот месечен индекс на доверба, нервозата кај големите инвеститори започнала долго пред големиот кинески пад, кој минатата недела ги сруши американските берзански индекси, а во понеделникот предизвика паника на распродажба на акции во речиси сите делови на светот.

„Кога цените на акциите ќе го допрат дното – почнуваат да растат, но многу од инвеститорите чија доверба е помала, во таа фаза остануваат настрана, неподготвени за нови ризици“, ја цитираше Ројтерс изјавата на претседателот на „Spectrem“ – Џорџ Валпер.

„Досегашните трендови покажуваат дека дури и кога пазарот веднаш се опоравува, на овие инвеститори им се потребни месеци за да се вратат во полна сила“.

Who could have predicted #BlackMonday?http://t.co/KH3XPWpAUN pic.twitter.com/KnAUtuu81D

— Mises Institute (@mises) August 25, 2015

 

Паѓа индексот на доверба на инвеститорите

Индекс на Spectrem за довербата на големите инвеститори во август, падна речиси за 30 проценти, главно поради разочараноста од американскиот и глобалниот економски раст. Анкетираните инвеститори, со расположлив капитал за инвестирање во опсег од 500.000 до 25 милиони евра, се повеќе се грижат за својот капитал.

Пред точно една година, индексот на Spectrem беше на врвот и се до август остана релативно стабилен. Повеќето инвеститори во почетокот на 2015 очекуваа добра година, а само 4 отсто предвидоа дека Dow Jones ќе биде под 17.000 поени. Во понеделникот тој беше на 15.370.

 

На инвеститорите ќе им бидат потребни месеци за да се вратат

Следното мерење на довербата ќе биде во средината на септември и Spectrem очекува исто расположение кај инвеститорите, особено кај оние со помалку од еден милион долари на располагање за инвестирање.

„Очигледен е почетокот на повеќемесечна криза на довербата, која ќе потрае и доколку пазарот се опорави. А доколку пазарот продолжи да паѓа, кризата ќе се продлабочи.“, вели Валпер.

Недовербата на инвеститорите нема да се одрази само на состојбата на берзите, туку исто така и во нивните деловни одлуки кои влијаат на состојбата на економијата во САД. Една од заедничките последици на недовербата на инвеститорите, е дека луѓето почнуваат да ги  избегнуваат акциите како форма за инвестирање, и покрај добрите можности на пазарот, каков  што е, според многумина токму сега.

 

Сеуште се чека потег од Народната банка на Кина

Во Европа, аналитичарите укажуваат дека вообичаена реакција на денови, каков што беше понеделникот, беше „мало потскокнување нагоре“, но овој пат пазарите се „нејасни“ – велат од Societe Generale, бидејќи инвеститорите сеуште чекаат Народната банка на Кина да интервенира и да ја зголеми стапката на задолжителни резерви, но останува нејасно што ќе се случи со јуанот и забавувањето на економскиот раст. Шангајскиот берзански индекс денес повторно падна за повеќе од 7 проценти.

Општото мислење е дека пазарот во вторникот се одржа од инвеститорите кои ја користат можноста за ефтино купување, но аналитичарите на Rabobank велат дека ова е веројатно само пауза за нова паника, бидејќи ниту расположението спрема Кина ниту кинеските индикатори не се подобрени.

 

Инвестираат главно оние кои сакаат да купуваат евтино

„Додека да падне прашината по вчерашното силно движење на пазарите, не е јасно дали стабилизацијата на американските акции и обврзници е знак дека една класа инвеститори е во потрага по добри можности, или инвеститорите сфатиле дека немаат потреба од толку многу паника во врска со ситуацијата во Кина. Што се однесува до нас, вчерашната нестабилност на пазарите и падот на цените на суровините ќе остане тема уште некое време.“, пишува во извештајот на инвеститорите.

 

Еврото расте во пресрет на новите мерки на Европската централна банка

RBS банк во белешките испратени до инвеститорите, пишува: „Еврото во однос на јуанот се зголеми за 9 отсто во последните две недели, а 12 отсто од најниското ниво во април. Еврото расте во однос на доларот. Девизниот курс за ефектива беше 4,3 отсто повисок на месечно ниво и за 6,7 отсто повеќе отколку во април. Моќта на еврото ја загрижува Европската централна банка (ЕЦБ), бидејќи ефектот на девизниот курс е единствена сигурна рефлација. Сметаме дека единствениот механизам за рефлација е курсот на еврото врз кој ЕЦБ сметала кога ги стартувала стимулативните мерки. Вториот пакет мерки се очекува до крајот на годината, па затоа сме подготвени повеќе да купуваме и на овие нивоа.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП