3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбновен коловозот на крак од улицата ‘22’ во Маџари

Обновен коловозот на крак од улицата ‘22’ во Маџари

ulica 22

Екипите на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта” во текот на изминативе денови го обновија коловозот на крак од улицата број 22, кај стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, општина Гази Баба.

На делницата долга 190 метри и широка 4 метри е отстранет стариот и оштетен асфалт, поставен е тампонски слој, а потоа улицата е асфалтирана.

За санација на кракот од улицата број 22 во Маџари од буџетот на Град Скопје се издвоени 1,2 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП