9 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува падот на кинеските берзи

Продолжува падот на кинеските берзи

berza kina 993

На кинеските берзи продолжува падот на цените на акциите, откако во последните три дена потонаа за 15 отсто, вклучително и падот од понеделникот од 8,5 отсто.

На самиот почетокот од денешното тргување индексите на берзата во Шангај потонаа за дополнителни 6 отсто, но во натамошното тргување загубите беа ублажени на околу 4 проценти.

Кинеската централна банка утрово инјектираше  на финансиските пазари околу 23 милијарди американски долари, настојувајќи да ја зголеми ликвидноста и на тој начин да ги стабилизира пазарите. Меѓутоа, сличниот потег од минатата седмица имаше позитивен ефект само краткорочно, па вложувачите стравуваат дека ни овој нема да даде резултати.

Аналитичарите велат дека кинеските монетарни власти би требало да ја намалат стапката за издвојување на задолжителните резерви на банките, што би ослободило значително повеќе пари и долгорочни позитивно би влијаело на пазарите. Меѓутоа, властите не се одлучуваат на таков потег, бидејќи ниту претходно лабавата монетарна политика не ги насочи парите во реалната економија, туку повеќе во шпекулациите на пазарите со недвижнини и акции.

По цела година силен раст, од јуни годинава цените на кинеските акции се во слободен пад поради сé повеќето знаци за забавување на растот на тамошната економија. Мерките на властите за стабилизирање на пазарите не ги дадоа неопходните резултати, бидејќи кај инвеститорите постои стравување дека кинеската економија оваа година ќе забележи побавен раст од 7 отсто, колку што проектираше владата во Пекинг.

Поради тоа, кинеските берзански индекси не само што ги загубија сите добивки од јули, кога властите со дотогаш невидените мерки и долевање на стотина милијарди долари државни пари на пазарот се обидоа да ги стабилизираат цените на акциите, туку во вторникот претпладнето се лизнаа во негативната област во однос од почетокот на годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП