17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД во 2016-та ќе примат меѓу 5.000 и 8.000 сириски бегалци

САД во 2016-та ќе примат меѓу 5.000 и 8.000 сириски бегалци

migranti 3399

САД би требало да примат меѓу пет и осум илјади сириски бегалци во текот на следната 2016-та година објави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џон Кири.

Портпаролот на американската дипломатија на редовниот брифинг со новинарите потврди дека САД на својата територија би требало да примат „меѓу илјада и две илјади сириски бегалци оваа година и меѓу пети и осум илјади наредната 2016-та“.

Шефот на Високиот комесаријата на ОН за бегалци – УНХЦР, Антонио Гутерес, кон крајот на јули изјави дека бројот на бегалците од граѓанската војна во Сирија надминал четири милиони луѓе, од речиси 23-те милиони жители на земјата пред избувнувањето на војната во март 2011-та година. Повеќето од нив се во Турција и во Либан.

Гутерес, исто така, истакна дека повеќето до сириските бегалци живеат во беда и сонуваат за емигрирање во Европа откако ја загубиле сета надеж за враќање во нивната од војната разорена земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП