24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата да ги плаќа придонесите за замените на жените на породилно

Државата да ги плаќа придонесите за замените на жените на породилно

slika-tetovo

Премиерот Никола Груевски во понеделникот информираше дека Владата размислува за можноста да се донесат законски измени, со кои кога вработена жена  има потреба да користи породилно боледување, работодавачот на нејзино место да прими друго лице за кое во тој период нема да плаќа придонеси.

„Целта на овие измени би била да се намали притисокот врз жените кои работат од страна на работодавачите, во однос на користењето на породилното отсуство. Работодавачот на ваков начин дури може да оствари и одреден профит, бидејќи кога вработената жена ќе го користи породилното боледување, во тој период не само што не ги плаќа придонесите за неа, односно тоа го прави државата, туку и за оној кого ќе го вработи на нејзино место ќе биде ослободен од плаќање придонеси, се додека вработената не се врати од породилно отсуство“, изјави Груевски во Тетово.

Премиерот истакна дека во тек се квантитативни анализи и додаде дека во случај овие законски измени да бидат донесени, би се намалил притисокот на работодавачите кон вработените жени, што е многу важно и за државата, за демографијата и за наталитетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП