19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКаде ќе биде лоцирана новата фабрика на БМВ?

Каде ќе биде лоцирана новата фабрика на БМВ?

bmv1

Германската фабрика за автомобили БМВ планира да изгради нова фабрика, а во игра за привлекување на оваа инвестиција се  Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија и Хрватска.

БМВ потврди дека планира да се прошири, но не наведе детали.

“Јасно е дека ќе ни бидат потребни повеќе капацитети за производство и еден од плановите е изградба на фабрика некаде во Источна Европа”, изјави Иан Робертсон член на Управниот одбор на БМВ.

Тој не го прецизираше износот на инвестициите во новата фабрика. Некои медиуми објавија дека тоа би можело да биде околу една милијарда евра, а со тоа би можеле да се отворат и илјадници работни места.

За можноста за инвестирање на БМВ во Словачка, медиумите на таа земја го шпекулираат ова уште од минатата година, но компанијата тогаш ја негираше оваа информација.

Отварањето на фабрика за производство на автомобили на БМВ во Чешка, за чешката економија несомнено многу ќе придонесува, пред се поради отварањето на нови работни места.

Аналитичарите сметаат дека поголема е шансата БМВ да изгради фабрика во Словачка, бидејќи во таа земја има поевтина работна сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП