5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците се „собраа“ во Грција, Русите „извисија“

Американците се „собраа“ во Грција, Русите „извисија“

grcija santorini 333

Грција е на пат во 2015-та година да забележи рекордна година во туризмот благодарејки на растот на бројот на посетители од САД, Германија, Британија и други земји.

Според податоците од народната банка на Грција, бројот на туристички посетители во првите шест месеци од 2015-та е за 20,8 % повисок на годишно ниво и сега изнесува 7,56 милиони, пренесува атинскиот весник „Катимерини“.

Бројот на посетители од САД е пораснат за 41,6 отсто, од Германија за 23,5 проценти, од Британија за 18 посто, а од Франција за 12,5 проценти.

Од друга страна пак, бројот на посетители од Русија е паднат за 60,6 проценти.

Приходите кои Грција ги остварила во првата половина од оваа година од потрошувачката на американските туристи се пораснати за 32,9 проценти, од британските за 30,3 отсто, од француските за 21,2 посто, а од германските за 18,1 проценти.

Русите истовремено ја намалиле потрошувачката за 63,2 проценти.

Грчката асоцијација на туристички компании проценува дека доколку по новите избори биде формирана стабилна влада, бројот на туристичките посетители во 2015-та година ќе ја надмине бројката од 25 милиони, благодарејки на стабилните и конкурентни цени во туристичкиот сектор, како и слабеењето на еврото во однос на доларот и фунтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП