5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕсента го „лади“ оптимизмот на Германците

Есента го „лади“ оптимизмот на Германците

german-people3

Германските потрошувачи за предстојниот септември покажуваат помал оптимизам и нивното расположение е намалено за прв пат во изминативе шест месеци.

Мерено со соодветен индекс, расположението на германските потрошувачи за септември паднало на 9,9 поени, што е најниско ниво од март оваа година, покажала месечната анкета на истражувачкиот институт „GfK“, пренесува „Ројтерс“.

Во август, овој показател изнесувал 10,1 поен.

За септември, аналитичарите просечно очекуваат дека индексот на довербата на потрошувачите ќе биде исто така 10,1 поен.

Во коментар на овие резултати, аналитичарот Ролф Буркл од „GfK“, наведува дека според тој пад неможе да се заклучи дека германската економска машина подзастанува.

„Индексот на доверба на германските потрошувачи и понатаму е на високо ниво, укажувајки на тоа дека приватната потрошувачка може да игра важна улога во овогодишниот економски раст на Германија“, оценува Буркл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП