19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota продаде 8 милиони хибридни возила (фото)

Toyota продаде 8 милиони хибридни возила (фото)

toj hib

„Toyota“ ја премина границата од 8 милиони продадени хибридни возила. Од јапонскиот производител се пофалија дека тоа се случило точно 10 месеци, откако беше достигната бројката од 7 милиони продадени автомобили на светските пазари.

toj hib2

Првиот хибриден автомобил на „Toyota“ – моделот „Prius“, се појави пред 20 години. Тогаш слична технологија се уште беше експериментална и со нејасна иднина. Љубопитен факт е дека откако првата машина била завршена, инженерите на компанијата не успеале да ја поттикна за речиси 2 месеци.

„Немавме идеја каде е проблемот и затоа работевме до доцна секоја вечер за да успееме да го отстраниме. На крајот малку пред Божиќ во 1995-та година успеавме да го стартуваме автомобилот, но тој помина 500 метри и застана“, се сеќава претседателот на Бордот на директори на компанијата, Такеши Учијамада.

toj hib1

Според информациите од „Toyota“, продадените до моментов 8 милиони хибриди успеале да ја заштитат животната средна од околу 58 милиони тони „СО2“ штетни гасови во споредба со сличните автомобили со мотори со внатрешно согорување. Од компанијата пресметуваат дека економичниот бензин во споредба со стандардните автомобили е околу 22 милиони килолитри.

toj hib3

Во моментов јапонскиот производител продава 30 хибридни и еден „plug-in“ хибрид во 90 држави во целиот свет. Само во последната година компанијата претстави неколку модели со оваа технологија – „Esquire Hybrid“ (само за јапонскиот пазар), „Lexus RC 300h“ и „Sienta Hybrid“. Претстои излегувањето на „Corolla Hybrid“, „Levin Hybrid“ (само за кинескиот пазар) и „RAV4 Hybrid“.

„Toyota“ е првата компанија во светот која во сериско производство нуди водороден модел на светските пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП