24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска од туризмот очекува над осум милијарди евра

Хрватска од туризмот очекува над осум милијарди евра

dubrovnik 333

Хрватска оваа година би можела да ја памети како рекордна според бројот на ноќевања и заработка. Сите показатели најавуваат дека 2008-ма година, кога приходите од туризмот достигнале осум милијарди евра, би можела да биде надмината.

Сонце, море и преполни плажи – во Хрватска во првите седум месеци од оваа година одмарале околу 7,5 милиони гости.

„Бевме во Брач, беше многу убаво. Сега сме во Шибеник веќе два дена, многу ни се допаѓа и се уште го истражуваме градот“, наведува една туристка од Франција.

Оваа година, Хрватска бележи пораст во посетеноста од 7% и ноќевања од 9%. Тоа се бројки кои се однесуваат на Јадранот, но истовремено и на Загреб. Во еден хостел во центарот на градот се пополнети сите 170 кревети. Апсолутно полни.

„Во споредба со минатата година, бројките кај нас се идентични. Сезоната е исклучително добра, многу сме задоволни со пополнетоста, секој ден сме апсолутно полни“, наведува Маринко Секулиќ од хостелот „Chill“.

Во туристичкото здружение на Загреб, веруваат дека ќе се надминат минатогодишните 1,6 милиони ноќевања и дека заработката ќе биде зголемена.

„Просечната потрошувачка е 125 евра, а тука е вклучена и цената на самиот хотелски или некој друг вид сместување, а исто така остатокот е на купување и конзумации по рестораните или кафулињата“, наведува Дарја Јузбашиќ од Туристичкото здружение на Загреб.

Колку Хрватска заработува од туризмот, пресметува и Хрватската народна банка. Само во првиот квартал од оваа година, се бележи пораст од 10 % во однос на истиот период рекордната 2008-ма година.

„Осум милијарди евра е туристичката заработка која се очекува оваа година. Би можело да е и поголема, а иако добро звучи, економистите појаснуваат дека сите тие пари нема да се слеат во државните пресметки“, јавува репортерката на Ал Џезеира, Ана Млинариќ.

Иако оваа гранка, според податоците на Хрватскиот институт за туризам, чини близу 10 % од бруто домашниот производ, државната каса ќе профитира во значително помала мера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП