3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 48 илјади повици на „Ало докторе“ досега

Над 48 илјади повици на „Ало докторе“ досега

alo dok00

За безмалку една година од почетокот на постоењето на директната линија за лекарски совети популарно наречена „Ало докторе“, на 15-ти септември 2014-та година, досега се примени вкупно 48.575 повици, од кои изминaтата седмица од 17-ти до 23-ти август се регистрирани 1.114 јавувања, информираа од Министерството за здравство.

Линијата 02/15 123 е достапна секој ден 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија. На сите оние лица кои побарале медицински совет споменатата телефонска, линија им била дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението на министерството.

Јавувањата во последната седмица биле со широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус и симптомна болка.

На линијата „Ало докторе!“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП