
Руперт Мердок, еден од највлијателните светски медиумски магнати, предупредува дека сме на работ на голема светска криза.


Руперт Мердок, еден од највлијателните светски медиумски магнати, предупредува дека сме на работ на голема светска криза.
С&П 500 падна за 5%, иако веќе три години не паднал под 4 %, а потоа главниот индекс на Шангајската берза падна за 4,3%.
Пазарите ширум Европа и понатаму се распаѓаат. Трговците сега се толку загрижени, што и за златото се најдоа купувачи, а тоа му ја дигна вредноста на 1.150 долари за унца.
Загриженоста за Кина и Грција ги вознемири берзите ширум светот кои претрпеа сериозни падови поради неизвесноса на кинеската економија.
Мердок ја сумираше флуктуацијата на пазарите и загриженоста за економијата во своите два твита:
-Тој предупреди дека не паѓаат само цените на акциите, туку цените воопшто. Тој се прашува дали е тоа привремена корекција или знак дека се ближи глобална криза.
-Според неговите зборови, на големите држави им останаа многу малце опции за борба против кризата, но забележува дека кеш има насекаде, и дека никој не инвестира.