ЕКОНОМИЈА

Зголемена фрекфенција на сообраќај надвор од градските средини

vozila

Сообраќајот на сите патишта низ државата се одвива по наместа влажни коловози.

Потсетување за возачите дека сеуште во примена е времениот режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, односно времениот режим на сообраќај на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.