13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 5.000 дивоградби се легализирани во Штип

Над 5.000 дивоградби се легализирани во Штип

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во Штип од над 10.000 дивоградби легализирани се половина од објектите. Лазар Хаџи­Николов од Одделението за урбанизам во Општина Штип вели дека сопствениците на дивоградби мора да ги комплетираат своите документи за легализација до крајот на годината.

„Вообичаено на сопствениците на вакви објекти им недостасуваат геодетските елаборати, затоа апелираме до граѓаните да ги достават потребните документи за комисиите да можат да работат“, вели Хаџи­Николов.

Тој додава дека поголем метеж на шалтерите во општината очекуваат од септември, кога сопствениците на дивоградби ќе се вратат од одморите, но и со цел да го фатат крајниот законски рок, кој завршува на 31-ви декември 2015-та година.

Хаџи­Николов информира дека за компаниите и јавните претпријатија кои имаат линиски инсталации, а не им се легализирани, за нив рокот за поднесување на барања е до 31-ви декември 2015-та година, а комплетирањето на документацијата со геодетски елаборат е до 31-ви декември 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП